Предлог за вкусен посен десерт без масло, корисен за време на пости.
1. Во сад се става брашното, просеано заедно со пецивото и содата бикарбона.
2. Се додава ванилиниот и кафеавиот шеќер, мелените ореви, брусницата (малку исечкана) и мармаладот. Се меша.
3. Се цедат 1-2 портокали да се добие 100 мл. сок, се става во сувата смеса и се додаваат и 100 -те мл. вода.
4. Се меша убаво да се соединат состојките, се става во тавче бр.26 и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
5. Испечената торта штом излади се премачкува со мармалад, се посолува со сечкани ореви, се сече и украсува со јатки од ореви.

Забелешка
Ако тортата се пече во нелепливо тавче на Делимано или некое друго, нема потреба од хартија за печење.
Ако евентуално не сакате да е без масло, додадете 1 до 2 лажици масло.
Одозгора може да ставите лешници, бадеми, мармалад со вкус по желба.
Може да ставите 200 мл. само вода или само сок од портокал, но со портокалот и брусницата, вкусот е многу убав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани