Од сите состојки за тесто замесите средно нелепливо тесто.
Тестото поделете го на 50 топчиња.
Се зема по 5 топчиња. Секое се расукуваат во мала коричка, се посипува со нишесте и се редат една врз друга.Потоа се расукува една поголема кора (колку тепсијата) и се става на намрсена тепсија бр. 40.
Истата постапка повторете ја со останатите 4 кори (20 топчиња ).
Откако ќе ги направите првите 5 кори на средината ставете ги оревите и продолжете да ги правите останатите кори.
Со остар нож баклавата исечете ја на ромбови.
На тивок оган стопете го маргаринот додадете го маслото и прелијте ја баклавата.
Ставете ја да се пече во загреана рернерна на 200 С првите 30 мин потоа намалите ја Т на 180 С, покриете ја со фолија и печете ја уште 45 мин.
Оладената баклава (наредниот ден) попарете ја со шербетот.
Водата и шеќерот ставете ги да се варат на среден оган околу 25 мин.
Се трга од оганот се додадете пола филџанче ладна вода и ванилите и прелијте ја баклавата. Оставете ја 1-2 дена убаво да го впие шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани