Кога ќе поканам гости на ручек, сакам колку можи разноврсно да има на трпезата, но така само трупање има и недоволно место сето тоа да го собери пристојно, ниту пак можи се да се изеди. Така, како прилог со кременадлите решив да ја спремам оваа тава со компири која се разбира дека нема да е класична, не сум тоа јас ако не смотам нешто поинаку, а идеја ми даде бабината кујна. Се надевам и некому ќе послужи како идеја или пак ручек во посни денови со додаток супа или некоја салата.

Подготовка

1. Компирот исечкајте го на тенки кругови. Јас се одлучив за ситни парчиња заради изгледот и времето на спремање, но подобро е вака.
Намрсете го со малку масло, посослете и зачинете. Измешајте го убаво.

2. Потоа наредете скалесто половина во намрсена помала тава за печење.
Врз него распоредете го кромидот исечкан на тенки заресци.
Врз кромидот поросете го оризот и одозгора завршете повторно со останатиот компир.

3. Сипете вода да го покрие редот со оризот и печете на 200С 30-40 минути. Во меѓувреме покријте го одозгора за да не гори.
Се служи топла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови