Ми требаше да подготвам посна баклава.
Па еве уште еден успешен и вкусен експеримент од мојата кујна.

Прво го подготвуваме филот.
Во сад ги соединуваме варената и исцедена тиква, сувото грозје, зачинот за медењаци, лешниците, гризот и ванилата.
Во мал сад на тивок оган ги соединуваме маслото и маргаринот.
Земаме прва кора, со четка тенко ја премачкуваме со маснотија.
Врз неа ставаме втора кора и неа ја премачкуваме тенко и врз неа ставаме трета кора.
На почеток на кората ставаме од подготвениот фил, одприлика по 3-4 полни лажици.
Завиткуваме ролат.
Го оставаме ролатот во тенко намастен плех.
Постапката е иста со целиот материјал.
Така подготвената баклава ја сечиме на парчиња.
Одозгора тенко ја премачкуваме со маснотијата која ни остана.
Печиме во загреана рерна на 170 степени, околу 45 минути.
Испечената баклава ја оставаме да се излади.
Сега го подготвуваме шербетот
Во тенџере ги ставаме сите состојки и оставаме да вријаат 4-5 минути.
Изладената баклава ја попаруваме со топлиот шербет.
Оставаме така да одстои 4-5 часа, па сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани