Барајќи рецепт по интернетов за посна сахер торта наидов на мнооогу рецепти. Јас се одлучив за овој начин со интегрално брашно и вистински вкусен колач испадна.
Рерната уклучете ја да се загрее на 180 степени.
Во еден сад измешајте ги сите суви состојки и потоа додајте го маслото и водата. Измешајте ги со жица или голема лажица да се изедначат и да нема грутчиња. Смесата истуретеја во плехче (25х30) намачкано со маргарин или масло и посипано со брашно. Печете околу 30-35 минути или проверете со чепкалка да излезе сува при проверувањето.
Печениот колач оставете го да олади и потоа хоризонтално исечете го на половина. Премачкајте го со мармаладот на средината и одозгора. Чоколадата стопете ја заедно со маргаринот и млекото и прелијте го колачот.
Оставете го да се стегне на ладно, потоа послужете го исечен на коцки. А по желба може да се сервира со изматена растителна павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани