Во тенџере сипете ја водата и шеќерот да зовријат додадете го маргаринот да се стопи додадете го сувото гројзе и тргнете на страна. Сипете ги мелените бисквити, ренданата чоколада, кокосот и оревите промешајте сите состојки да се соединат.
Корите обланде замотајте ги во влажни крпи за да омекнат, а филот поделете го на три дела. На секоја кора нанесете фил и нежно замотајте ролат.
Водата и шеќерот за глазура нека зовријат тргнете на страна ставете го чоколадоти и маслото и мешајте.Со чоколадната глазура прелите ги ролатите.
Оставете убаво да се оладат па сечете и послужете.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани