Време на пости, па еве уште еден посен колач за оние кои постат како предлог.

Се мешаат сувите состојки и во нив се додадваат течните, па се убаво и компактно се меша.

Доколку брусницата е посува и не е многу сочна, ставете ја во посебно чинивче во кое ќе додадете малку топла вода и ексрактот од рум. Оставете така да одстои 10на минути. Колку е потопла водата, толку побрзо оди процесот. Потоа исцедете ги и додадете ги во смесата за колачот.

Дозата на овој колач е за длабок плех од шпоретот. За моите потреби требаше да опслужи за околу 40на луѓе, односно, одприлика натокмив толку парчиња. Доколку сакате помалку, тогаш преполовете ги состојките, или пак за поголема тава земете 2/3 од дозата.

Печете на 190С околу половина час.

Во посебен сад ставете ги состојките за прелив и мешајте ги на среден оган додека убаво се растопат и смесата стани компактна. Оставете го потоа 10на минути да подолади со повремено мешање за да не фати кора или нерамномерно се здрви и прелијте го колачот.

По желба, одозгора можи да го посипите со кокос, па откако ќе подизлади, сечете го на коцки и уживајте со чаша топло млеко, кафе или чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани