Си состојки заедно се мешаат, а на крај се додава мармаладот и се мемеша со лажица. Истурете ја смесата во калап за куглов и ставете ја да се пече на 175 С околу 1 час.
За да знам дека е сигурно печена си ја проверував со чечкалица. Кога ќе се испече уште топло премачкајте го со мармалад и оставете да се олади до крај.

Потоа растопете ја чоколадата со 3 лажици масло и прелијте го врз мармаладот. Оставете да се стегне чоколадата.Чашата е од 200 мл и се се мери со нејзе. Може да го правите и во обично тавче како торта, по желба.
Овој прекрасен рецепт ми го кажа мојата колешка и многу сум и благодарна .
Прекрасен куглов за Божиќ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови