Од едно пакетче кори за пита имавме и ручек и десерт. 

Извадете ги корите и разделете ги да се исушат некој половина час. Треба да станат кршливи и да крцкаат.
За тоа време, ставете ги портокалите во вода со сода бикарбона да се подисчистат од пестицидите.

Во сад измешајте го јогуртот, маслото, шеќерот, ванилата и јајцата со помош на жица за матење и додајте му рендана кора од портокалите.
На крај издробете ги исушените кори и измешајте.

Смесата истурете ја во намастена тава 20х30 и печете ја на 165С 40на минути додека не добие фина боја одозгора.

Додека се печи питата пригответе го преливот. Исцедете ги портокалите. Ако е потребно исцедете уште еден и додадете вода до мерката или можи да користите природен џус од портокал. Ставете ги заедно со шеќерот на рингла и мешајте додека зоврие, т.е. стопи шеќерот. Тргнете, и ставете го портокал или ванила шеќерот.
Доколку сакате поблага да ви е питата или пак сметате дека се покисели портокалите, по желба можи да си додадете уште шеќер.

Испечената пита исечете ја на коцки, прелијте ја со шербетот и оставете ја неколку часа да се впие пред да ја послужите.

*Доколку сакате, пред печење питата можи да ја наредите со парчиња портокал и така да ја печите. Јас решив да ја послужам со парче свеж портокал одозгора, но ако би имале сладолед, една топка во чинијата одлично би се вклопил со питава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови