Кога сте во потрага по идеја за нов појадок оти ви здосадило од исто па исто, ете една можеби не така нова ама за промена.

На доматите му се засекува капак но не до крај, нека си остане еден дел не отсечен, со алатка се длаби внатрешноста и се цеди од сокот, настрана се матат јајцата со виљушка и се додава сирењето дробено:Од прилика можи и повеќе да се стави ако сакате посоленко, но и потребна е одредена густина за да се задржи вертикално вишлата.

Одиме по ред, доматот се полни со две третини од смесата со јајце и сирење, во средина се става  вишлата вертикално исправена, висината нејзина треба да овозможи затворање на капакот од доматот. Во огноотпорен сад се става масло, се редат доматите затворени со капачињата се налева водата, се прекрива со капак и се печат во загреана рерна на 180, при крај на печењето (едно 20 мин) се вади капакот од садот и се оставаат малку да се потпечат, послужени топли се одличен појадок или ужинка

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови