Декоративен, солен венец од тесто
Прво млекото се загрева, се додава шеќерот, квасецот и малку брашно.
Нека се активира,  постепено се додаваат останатите течни состојки, па сувите.
Се замесува тесто понамеко.
Се остава да кисни 20 минути.
Потоа се дели на 12 топчиња.
Осум топчиња се оставаат на страна.
Од останатите 4 се сучат мали корички.
Трите коричките се премачкуваат со маргарин се редат една врз друга, освен најгорната.
Се сучи мала коричка, со големина на мало тајнирче,
Се дели на 8 триаголници, кои во средината се засекуваат но не до крај.
Се превиткуваат триаголничината по еднаш, два пати навнатре,
Сега секое топче се расукува со рацете, се става парче кулен, сирење и се формира пакетче.
Пакетчето се става на триаголничето од тесто, на поширокоиот дел и со потанкиот дел се преклопшува.
Се редат во округла тава.
Се премачкуваат со изматено јајце, секое парче во средината се наросува со мешавина од интегрален сусам и лен, а по краевите се става сусам.
Кисни 20 минути и се печи околу 30 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани