Подготовка:

1. Во длабок сад ставаме млеко, вода, квасец искршен на парченца и шеќер. Промешуваме да се стопи квасецот.
2. Во друг сад ставаме брашно и сол, постепено додавајќи ја течната смеса. Замесуваме тесто. Додаваме пециво и масло и месиме со рака. Доколку ви е лепливо тестото додадете уште малку брашно. Форимираме топка, покриваме со најлонска фолија и оставаме да нарасне 1 час.
3. Откако ќе нарасне тестото, на набрашнета површина го расукуваме тестото во вид на правоаголник. Сечеме ленти широки 5-6 цм и долги околу 25цм. Секоја лента ја премакуваме со путер, ставаме фил по желба, јас во дел ставив урда , во некои сецкани маслинки и во некои сецкани маслинки и сушени домати. Филот го ставаме во средина по должина и краевите ги доближиваме и со прсти притискаме за да не се отвори. Ги фаќаме двата краја од лентата и почнуваме да вртиме во една насока, формираме круг и ги спојуваме краевите. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење. Ѓевреците ги обложуваме со парчиња сланина. Ги оставаме да стасаат 20 минути.
4. Јајцего го матиме со вилушка. Ги мачкаме ѓевреците со јајце. Ставаме сусам.
Печеме во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани