Прво на измиените пиперки им го одстрануваме семето.
Во еден сад ги соединуваме урдата, јајцата, сецканата рукола, сол и бибер.
По сопствен вкус може да се додаде буковец.
Секоја пиперка ја полниме со смесата, но не до горе, бидејќи јајцата ќе се движат во пржењето.
Во тава загреваме масло на умерен оган.
Ги пржиме пиперките од двете страни да заруменат.
Ги сервираме со сезонска салата.
За сите оние кои не се љубители на рукола, на најзиниот специфичен вкус, еве начин истата да се замаскира и консумира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани