Сварете го гравот, но внимавајте зрната да останат цели.
Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го. Додадете го меленото месо и откако ќе се испари течноста додадете ги зачините и пиперта и на крај доматното пире. Оставете на исклучена рингла да прокрчка и да се спојат состојките. Потоа додадете го гравот, измешајте и полнете ги пиперките.
Полнетите пиперки затворете ги со парче домат, ставете ги во тава и попрскајте ги одозгора со масло. Додадете една кутлача вода од гравот и ставете ги да се потпечат во загреана рерна.
Ако ве мрзи да ги полните пиперките, немате во моментот или се слаби за полнење, можи да напривете од истите состојки класично гравче-тавче како во дополнителните слики.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани