Идеални за мезе, како дел од вашата трпеза за престојните слави...превкусни се.

Подготовка

- Шампињоните се лупат и им се одстранува рачката. Ги редиме во намрсен калап за мафини или плех (со маргарин) и ги полниме со состојки по желба (ситно исецкани)
- Зачинуваме и печеме во загреана рерна на 200 степени.

Забелешка - рачката од печурките ако сакате може ситно да ја исецкате и да ја додадете во зајрето.
Јас ги лупам печурите, не ги мијам бидејќи многу повеќе ќе впијат вода со нивното миење.
Најубаво е да одберете поголеми печурки, за да можете повеќе да ги наполните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови