1. Шампињоните убаво се мијат. Се оставаат на крпа да не бидат влажни.
2. Им ги вадиме дршките, оставајќи мала дупка.
3. Ги ставаме шампињоните во подлабок сад. Додавамае путер и зачини и мешаме со раце.
4. Рерната ја загреваме на 200-250 степени. Во тава ги ставаме печурките и ги ставаме да се печат.
5. Маслинките ги сечкаме ситно.
6. Кога печурките се готови (имаат потемна боја и испуштено течност) се вадат од рерна. Со мало лажиче ги полниме со зденки на што додаваме парченца маслинки. Враќаме во рерна. Готово е кога зденките се растопени (десеттина минути).

Одлично одговара со фурнаринки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови