Во сад во кој ќе месите ставете го квасецот, солта, шеќерот, 1 мало лажиче брашно и 150 мл. топла вода, измешајте и оставете 10 мин. да се запени. Откако се запенило додадете ги останатите 450 мл. топла вода, 3 лажици масло и полека додавајте брашно и мешајте со дрвена лажица. Додавајте брашно додека добиете меко тесто што се лепи, како за фокача.
Оставете го тестото покриено со крпа да нарасне околу 1 час.
Откако тестото стасало со намрсени раце направете 12 топчиња. Расплескајте ги. На едната коричка ставете од филот и покријте со другата, од крајчињата убаво притиснете да се залепат краевите. Така направете со останатите 10 корички, да испаднат уште 5, значи вкупно 6 мекици, може да ги правите помали и да има повеќе.
Оставете ги 5 минути настрана да пораснат, одозгора може да посипете сусам по желба.
Во тавче ставете масло колку половина од мекиците, кога се загреало маслото пржете една по една мекица од двете страни додека поруменат. Ставајте ги на кујнска салафетка да се исцедат од вишокот маснотија. Послужете со јогурт или нешто друго по желба.

Може да ги печете како лепчиња, во рерна на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови