Идејата за оваа тава со полнети компири ми ја даде мајка ми, а јас само ја надополнив со состојки кои на мене ми изгледаа вкусни и кои комплетно се вклопија за да ручекот биде вкусен, освен што е декоративен и несекојдневен.

Подготовка
1. Ги мешаме сите состојки за ќебапите, ги формираме и ги пржиме на грил тава, без масло, можете и на скара, а и во врело масло.
2. Компирите ги вариме ама внимаваме да не се преварат. Ги лупиме и во средината им правиме дупка колку да може да влезе едно ќебапче. Ги редиме на намрсена тава.
3. За бешамелот го ставаме путерот да се стопи на оган, па го додаваме брашното. Промешуваме, ако ни е сува смесата доставаме масло. Го ставаме топлото млеко, постепено, со постојано мешање се додека да се згусне. Зачините ги ставаме на крај.
4. Со бешамелот го залеваме секој компир, па врз него рендаме кашкавал.
5. Печеме во загреана рерна додека да поцрвенат компирите или по вкус.

Забелешка
Користете компири онолку колку што сметате дека ќе изеде вашето семејство за еден ручек, што значи може помалку да ставите компир.
Парчињата компир кои ги извадивме од компирите ги ставаме во тавата околу секој компир, ако ви останат и ќебапчиња и нив наредете ги и сето ова залијте го со бешамел.
Компирот не го солев, бешамелот го направив посолен од вообичаено, а и ќебапчињата си беа таман солени.
Пожелно е компирите да ви бидат поголемки или барем со средна големина, така подобро им се прави дупка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани