Еве еден предлог од мене за вкусно предјадење, декоративни полнети јајца кои ќе ја красат вашата празнична трпеза. Полнетите јајца се мезе што лесно и брзо се подготвуваат, привлечни се по изглед, но и превкусни за јадење, без разлика дали сакаме празничен оброк или едноставно сакаме весел и убаво украсен семеен оброк.

- Јајцата ги вариме (тврдо) нека оладат, па ги сечеме на половина. Жолчките ги тргаме настрана во посебен сад.
- Ги обработуваме во кујнски сецко (или пасираме со вилушка), додаваме павлака, мајонез, сол и на крај додаваме сок од цвекло до посакуваната густина.
- Оваа смеса ја ставаме во готварски шприц и со неа ги полниме половинките белки.
- Декорираме со маслинки и мајонез, или нешто друго по ваша желба и вкус.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани