Белото брашно се става во садот, на среднина се прави дупка и во неа се става коцката квасец растворена со млекото и малу шеќер, се промешува и остава на тоа место да се активира.
После се ставаат сите други продукти и ржаното брашно, се замесува меко тесто, по потреба се додава уште малку млеко, обично не мерам, но меко како за пица по конзистенција.

Во тавче бр.30 се става хартија за печење. Таа ќе служи за пресметка на дијаметар на самиот круг од тестото кое се сука со сукалка. Внатре се расекува како за бурек на осминки, но не до крај (види прилог ).По самите краеви се нанесува од полнежот и врз дел од краците. Самите врвови во центарот се префрлаат преку филот се до крај на тркалото, така е оформена короната која врз хартија се обработува,  па се префрла сега во подготвеното тавче.

Се остава 40мин. да си надојди па се премачкува со премазот целосно(јајцата матени со виљушка-киселото млеко) на самите ,,краци,, со триаголна форма се става сусам.
Се печи на 200. По запекување се става хартија одгоре за не се препечи и се намалува на 180.
Уживајте во одличниот вкус. Обично ги следам инструкциите од кесичките на разните видови брашна,па така и тука ставав 1 спрема 3 однос ржано со пченично брашно.

На сам крај врела печена се премачкува со маслиново масло нанесено на силиконско четче.Така се остава малку да се подолади прекриена со крпа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови