Брашното се става во подлабок сад и се меша со квасецот, солта и шеќерот. Се замесува тесто со млако млеко и зејтинот и убаво се изработува. Тестото се остава да одмори, да стаса околу 1 час.
Одкако ќе стаса се расукува кора. Кората се мачка со изматеното јајце, се премачкува со маргарин и се насолува со сончогледот по едната половина. Се преклопува, а потоа се сече на ленти со ширина ок 1,5см и секоја лента се витка, се рола како полжав. Полжавчињата се редат во подмачкан плех и се премачкуваат со изматено јајце со малку зејтин, па стасани се печат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани