1. Тесто- Загрејте го млекото. Путерот се става да се стопи. Во мал сад, се ставаат половина од топлото млеко, квасецот, по една лажичка брашно и шеќер, па измешајте добро, смесата да нема грутки.
2. За фил- Се бланшира спанакот и во сад се ставаат спанаќот, грубо рендано сирење и белка од јајце, мешајќи добро. Се додава малку бибер.
3. Во голем сад, се ставаат половина од брашното, нараснатиот квасец (потребно е само 5-10 минути), останатите млеко, топен путер или масло, жолчка од јајце и добро се меша. Се додава брашното со сол (по вкус) се меша, па се продолжува со месење. Можеби ќе треба да додадете повеќе брашно или топла вода (тестото не треба да се лепи за вашите раце).
4. Се става тестото на побрашнета маса. Се сечат парченца кои тежат околу 110 г. Се сука секое топче формирајќи кора со големина на чинија. На едниот крај се става малку од филот со спанаќ, се витка и се прави спирала.
5. Се ставаат круговите во тавче со пек папир и се засекуваат со ножица. Се премачкуваат со млеко, се попрскува афион и сусам,па почекајте десет минути пред да се стави тавата во загреана рерна на 250 ° Ц. Се пече околу 10-15 минути.
6. Готови се кога ќе добијат златно-жолта боја. Се вадат од рерна и се покриваат со сува крпа, оставајќи ги да се изладат.
7. Се служи како главно јадење, придружено со кисело млеко. Уживајте!

Забелешка
1. Филот може може да биде подготвен со различен вид зеленчук и сирења.
2. Ако се направат со помали димензии, лесно може да станат вкусно мезе или предјадење.
3. За 4-5 луѓе ставете едноставно- двојни дози на состојки.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови