Рецептов е хит на социјалните мрежи и обично кога некој рецепт е хит, јас сум таа која го прави меѓу последните хехехехее. Небитно, едноставноста на рецептот е таа која ме освои, а тоа што со голема брзина се ширење и споделуваше на мрежите ме копкаше да проверам зошто е тоа така. Во оригиналниот рецепт дозата е како што ќе ја напишам, а јас правев со помала доза зашто немав доволно брашно, така искомбинирав 300 мл млеко со 500 г брашно, наместо 500 мл млеко со околу 800 г брашно. Сликите со мојата доза, кога би правела според рецептот, би имало уште една ролна. Подготовка Прво растворете го квасецот во топлото млеко со шеќерот, не мора да надојди, само нека се раствори. Во подлабок сад ставете го растворениот квасец, додадете масло и сол и додадете брашно 700 до 750 г. Почнете да матите со миксер со маталките за тесто околу 10 минути додека не се оформи убаво мазно и меко тесто во форма на топка. Оставете го тестото да одмори 20тина минути. Потоа префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 5 еднакви делови. Ако тестото ви е лепливо, додадете повеќе брашно. Секој дел расукајте го во долгнавеста форма, премачкајте го со растопен маргарин/путер и нанесете го филот од сирење или изварка. Замотајте во форма на ролат и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со останатите 4 дела тесто. Премачкајте ги со растопен маргарин/путер, потоа сечете ги на парчиња, премачкајте со разматено јајце и наросете сусам. Покријте го плехот и оставете ги да нарастат околу половина час. Јас ги ставив во загреана рерна на 50 степени да нараснуваат. Потоа приклучете ја рерната на 180 степени и ставете ги да се печат додека не поруменат околу половина час. На здравје