1. Кромидот го сецкаме и го пржиме, потоа го додаваме месото и оризот и уште пржиме. На крај се додаваат сите зачини.
2. По две лажици од месото ги ставаме на секој лист и ги виткаме сармите. Потоа ги редиме во тенџерето претходно покриено со еден лист од зелката.
3. Исецканите колбаси ги редиме врз сармите и ги полеваме со расолница од зелката за да се покријат и ги вариме на тивко околу 1 и половина час.
4. Сварените сарми и колбаси ги редиме во тава и додаваме малку од расолницата, потоа ги попрскуваме со масло и ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

На здравје , преубав ручек)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани