Се замесува тесто и се остава да стаса околу 30-40 минути. Додека тестото стасува чварките се мелат низ машина за месо или се ставаат во сецко (кај мене чоперот ја заврши таа работа).
Одкако тестото ќе стаса се сука кора која се премачкува со мелените-миксани чварки, се поросува со сирење и се рола како векна. Од векната се сечат парчиња со дебелина од 1,5 см, се засекуваат со нож по краевите и се оставаат да стасаат. Стасани се печат околу 25 минути на 180 степени.
Вкусни и иако имаат чварки тоа не се забележува бидејки се мелени ама доста се мекички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани