Подготовка:

1. Од сите состојки замесуваме тесто кое се остава да нарасне. Го оставаме да отстои 30 минути и повторно го премесуваме со цел да стане поглатко и поизработено.
2. Тестото го делиме на два дела. Од едниот дел се прави мала погачка и се става на средината од тавата во која ќе се пече. Околу неа се расукува другиот дел и го виткаме во вид на ролат и се става околу погачката. Го засекуваме со остар нож.
3. Потоа се остава да нарасне тестото повторно пред печење. А пред да се стави на печење го премачкиваме со масло.
4. За фигурите, посебно се меси тесто од брашно и вода и истото треба убаво да се измеси и да биде тврдо. Потоа се расукува кора и се прават фигурите по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови