Во еден сад се матат јајцата. Се додава солта, киселото млеко, маслото и се се меша убаво. Потоа се додаваат ренданото сирење и брашното помешано со пецивото. Повторно се меша додека се добие изедначена смеса.

Се истура во тава која е претходно намрсена и попрскана со брашно. Се пече во загреана рерна, на 180 степени, околу 30 минути.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови