Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Поделете го тестото на 6 топчиња.
Секое топче расукајте го во мала кора.
Премачкајте ги малите кори со масло и оставете ги да отстојат 20 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот.
Во тава на оган ставете малку масло и додајте ги сецканиот праз и сецканите суви пиперки.
Откако празот ќе омекне додајте го спанаќот исцепкан на парчиња.
Посолете и пропржете уште малку, колку спанаќот да го намали волуменот и испари водата која што ја пушта.

Работната маса покријте ја со чаршав.
Земете една кора и со раце растегнете ја колку што можете потенко.
Попрскајте ја кората со масло и нанесете од филот.
Со помош на чаршавот завиткајте ја кората во ролат и оставете ја настрана.
Повторете ја постапката и со друга кора.
Вака спреманите 2 кори исплетете ги една со друга и завиткајте ги во вид на полжав.
Истото направете го и со останатите 4 кори, со тоа што во плехот ќе ги нанесувате во продолжние на веќе нанесените кори во плехот.

Целата пита попрскајте ја со масло и печете на 200 степени додека убаво зарумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани