Компирите се ставаат во поголем сад со вода да се варат околу 15 мин или додека омекнат.
Во меѓувреме лососот се посолува и се пржи по околу 3 мин од двете страни, а потоа се дроби со вилушка.
Кога компирите ќе се сварат, се оставаат да се изладат а потоа се прави пире.
Во садот со пирето од компири се додава лососот, едно изматено јајце, ситно исецкан кромид, брашно, копар, кари и малку сол.
Се добро се меша и од смесата се прават помали плескавици. Така направените плескавици се валаат во лебни трошки и се пржат во тава со масло.
Се послужуваат со салата од домати краставици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови