Совршено вкусна торта која брзо се прави, освен времето кое треба да се стегне.
Рецептот ви го напишав оригинал, онака како што го најдов, а во постапката ќе кажам кои измени јас ги направив.
Долниот дел, основата, останува иста, мелените бисквити ја мешаме со сокот од портокал, путерот и ванилата. Обрач со пречник од 22 цм ставаме врз некој тањир и ја втиснуваме рамномерно смесата по целата површина.
За првиот фил, јас наместо лешници ставив 100 гр мелени ореви и ставив околу педесетина гр шеќер во прав. Чоколадото и павлаката се загреваат додека се стопи чоколадото и во него ги ставив оревите и шеќерот, убаво се меша и филот се истура врз првата смеса. Ставете го во фрижидер да се олади и стегне.
За вториот фил, загрејте ја павлаката, ставете го чоколадото, јас овде ставив млечно чоколадо со дробени лешници, додајте ја кората од портокал и бисквитите, промешајте убави и турете ја смесата најгоре. Во фрижидер додека убаво да се стегне, јас ја оставив преку ноќ.
Толку е постапката, многу брзо и едноставно, а добивате многу убави вкусови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови