Кога би знаеле нашите баби за пицата во нивно време, веројатно би произлегла некоја ваква слична модификација од зелник со праз и пица. Веќе некое време празот исецкан и спремен во фрижидерот ме чекаше за подготовка. Многу го сакам во зелник, но никако да се решам да месам тесто. Од мрза и голема желба за нешто блиску до посакуваното произлезе оваа пица. Верувајте, супер ни беше. Со чашка ладен јогурт, уживавме во неа.

*Празот мене веќе ми беше дробен. Количината беше 2,5-3 фатки (раце).
Ситно сецканиот праз испржете го на малку масло додека не омекни, додадете го ситно дробеното сирење и пржете уште половина до минута време. Тргнете го од оган и додадете ги јајцата. Посолете и забиберете.
Врз тестото за пица најпрво ставте 2-3 лажици доматен сос и премачкајте го. Ставете од смесата со праз и распоредете ја убаво. Одозгора изрендајте кашкавал и ставете една маслинка на средина.
Печете на 200 степени. Времето на печење ќе зависиод тоа дали ќе употребите полуготово тесто за пица, како во мојот случај, или сами ќе си го направите вашето омилено.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани