Најпрвин го загреваме млекото во тенџере на оган. Ставаме сол и путер. Мешаме. Пред да зоврие млекото, ја додаваме палентата мешајќи околу 2-3 минути. Го тргаме тенџерето од оган. Оставаме палентата да се олади. Кога е оладена содржината ја префрламе во округло тавче за пица и ја обликуваме како тесто. Одозгора ставаме домати исечкани на тркалца, печурките, оригано, босилек и рендан кашкавал или моцарела. Се пече во загреана рерна на 200-220 степени, 10 - 15 минути.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови