1.За подготовка на овие питички прво го подготвуваме тестото. Путерот го сечеме на коцки и оставаме малку на собна температура да омекне. Потоа го додаваме и брашното, јајцето и ренданото сирење. Со миксер го матиме тестото и го ставаме во најлонска фолија да стои неколку часови во фрижидер. Јас го оставив да стои преку ноќ.
2.За подготовка на филот во тава ги ставаме ситно сечениот праз и печурките, го додаваме зејтинот и на тивко ги пржиме. Пред крај додаваме и сол. Филот треба да се олади.
3.Тестото го развлекуваме со сукало со дебелина од 0,5 сантиметри. Вадиме со помош на чаша кругови (со дијаметар околу 15 сантиметри). На секој круг ставаме по една лажица од филот и правиме обрач на секоја питичка. Страните ги премачкуваме со жолчка.
4.Ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Топло ви ги препорачувам. Путерот им дава крцкавост како кај лиснато, а за филот нема потреба ниту да коментирам. Во секој случај одличен појадок со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови