Подготовка на тестото.
1. Во длабок сад ги ставаме состојките за тесто со додавање на брашно замесуваме тесто . Тесто го оставаме да сташе .
2. Стасаното тесто го делиме на 11 мали парчиња и 1 поголем дел кој ќе биде исто голем колку 3 до 4 мали парчиња.
3. Поголемиот дел го расукуваме во големина на тавата. Јас користев тава бр32. која претходно сте ја премачкале со масло.
4 . Потоа ги земаме малите парченца и од секое формираме мал круг кој малку го расплескуваме и во средина ставаме од филот со меленото месо и пак формираме круг и редиме по страна на тавата.
5. За средишниот дел ги сечеме варените компири на парчиња и ги посолуваме и побиберуваме ги редиме во средината на питата. Исто така го додаваме сирењето на парчиња и ренданиот кашкавал одозгора, а потоа и го распоредуваме маргаринот .
6. Подготовка за полнење на погачките.
Празот го сецкаме ситно и го пржиме во малку масло, потоа го додаваме и меленото месо исто така и него го пржиме додаваме сол и бибер, а кога е готово додаваме и белка од јајце.
7. Со жолчкита ја премачкуваме питата и оставаме да појде, а потоа ја печеме во претходна загреена рерна на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови