Најпрвин ги лупиме компирите ги миеме и ги ставаме во тенџере сипуваме вода да ги облие компирите и малку повеќе го ставаме тенџерето на оган.
Го лупиме и го додаваме исецканиот кромид и оставаме да зоврие.
Кога ќе заврие го додаваме оризот, сол по ваш вкус, зачинот и ориганото и оставаме да се вари чорбата. Во текот на варењето можеби ќе треба да се досипе вода за да се сварат убаво компирите.

Кога ќе се сварат компирите во тавче на оган го ставаме маслото убаво да се загрее.
Кога маслото е доволно загреано додаваме2-3 лажици брашно и постојано мешаме додека брашното не добие златножолта боја. Го додаваме и црвениот пипер и промешуваме.
На ладна рингла во тавчето ги вадиме компирите и ги пасираме со вилушка и ги сипуваме во тенџерето.
Оставаме чорбата да поврие уште 5-10 мин.

Во чорбата можете и да си ставите било какво месо да се вари заедно со компирите и чорбата добива поубав вкус од месото.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови