1. Пилешкиот стек се сече на помали парчиња, се зачинува со сол, мелен бибер, мед и сенф и се пржи во маслиново масло. Откако ќе се испржи се трга настрана.

2. Карфиолот се сече на парчиња, се зачинува со сол и мелен бибер и се пржи кратко, додека не почне да ја менува бојата.

3. Свежите печурки се зачинуваат со буковец, куркума и соја сос и се пржат во посебна тава.

4. Морковите се сечат на тенки ленти и се пропржуваат кратко во маслиново масло.

5. На крај карфиолот, свежите печурки и морковите се додаваат во тавата со пилешкиот стек и сите состојки заедно се мешаат.

* По желба може да се додаде ситно сецкан магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани