Пилешкиот стек го сечеме на покрупни парчиња. Го ставаме во тава да се пржи со зејтин. Кога наполу е пржено додаваме сол, црн пипер, зачин од сушен зеленчук, 1 лажица кари и 2 лажици сенф. Сето ова се меша. Кога ќе испари течноста што ја пуштило месото и кога е испржено(а тоа е после 20 минути отприлика), се додава павлаката за готвење. Кратко се меша и ручекот е готов. Прилогот е по ваша желба.
Вкусен ручек за кратко време.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови