Сварете ги батаците, па потоа оделете го месото од коската и искинете го на парчиња.

Кромидот и морковите изрендајте ги на ситната страна од рендето.

Во тава на оган ставете го путерот и маслото.
Откако путерот ќе се растопи додајте ги кромидот и морковот.
Пржете ги на тивок оган, а потоа додајте ги парчињата месо.
Откако се заедно ќе се пропржи додајте ја павлаката, сецканиот магдонос и граната.
Посолете, наросете црн бибер и кратко оставете да проврие се заедно.

Изберете си по ваша желба со што ќе го послужите, во мојот случај овојпат беше пире.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани