Пилешкиот стек исечете го на половина, да добиете 2 парчиња.
Пололете и наросете црн бибер.
Премачкајте го месото со сенф и ставете го во плех обложен со хартија за печење.

Сувите домати и сирењето исецкајте ги на помали парчиња и измешајте ги.
Врз парчињата месо ставете ја смесата од суви домати и сирење, посипете малку масло и печете на 200 степени.

Брзински се прави, а е превкусно, ви препорачувам да пробате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани