Секојдневен ручек кој секако не е нешто ново, но можеби на некој почетник во готвењето ќе му се најде.

1. Пилешкиот стек се става да се свари, сета пења се вади со лажица и се истура водата. Се става втора вода и се вари уште некое време.

2. Кромидот се сечка ситно, морковот се ренда и заедно се запржуваат во тава
(мојата е бр.30). Штом ќе се запржат се додава измиениот ориз, се пропржува сето, а за тоа време се загрева рерната на 220 степени.
Кога оризот е подиспржен, се додава сол, црниот пипер и мешаниот сув зачин, се меша кратко и се тура внимателно од водата во која се вареше стекот.

3. Штом ќе почне да врие водата, се става сварениот пилешки стек (исечкан на парчиња големи по желба). Се дотура водата од стекот, а по потреба се дотура топла вода да го покрие оризот. Убаво се распоредува течноста со оризот помеѓу парчињата стек и штом е рерната загреана, тавата се става в рерна.

4. Кога ќе почне да врие течноста, температурата се намалува на 200 степени и се остава околу 30-40 минути да се свари оризот и да порумени стекот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани