Обично пилешкото месо е во некој сос, ова е обратна ситуација каде сосот е со пилешко,  па го користиме како прелив врз зеленчуци, како сос врз шпагети, ориз, пире и други ситуации.

Жив стекот сечен на помали парчиња се става во блендер нека се изблендира добро. Врз врело масло во подлабок сад се става сечкан кромидот, лукот,  па се додава блендирано пилешкото, се заедно нека се пржи 10-тина минути. Се става брашното, кратко пропржува додаваме вода и коцката за супа, вака си крчка на тивко 30-тина мин. да добие на густина, се зачинува се става неутралната павлака за некоја минутка се трга од оган,  па се додава киселата павлака и готов ни е сосот за широка примена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови