Стекот се сечи на тенки ленти.(може и да се исчука за да може побрзо да се испржи)
Се разматуваат јајцата и се става тава со зејтин на огнот.
Кога ќе биде врел зејтинот се зема стекот, парче по парче и се потопува во јајцето, во презлата, па во сусамот и се ставаат да се пржат.

Компирите се лупат и се сечкат на коцки.
Се ставаат да се сварат и кога ќе бидат сварени се стават во тава со зејтин малце да се запржат.
Додека се пржат му се става малце магданос, вегета и сол.

Совет: На пилешките прсти може и да се исцеди лимон или да се макаат во мајонез!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови