Пилешките гради ги ставаме во сечко и ги сечкаме до сомелување. Кромитчето ситно го сечкаме. Ги ставаме останатите состојки освен маслото кое ни е за пржење. Ако е потребно, ако е ретка смесата додаваме и повеќе лебни трошки. Промешуваме и ја оставаме смесата за плескавици 1-2 часа во фрижидер (ама и не мора). Формираме плескавици и ги пржиме во загреано масло во тава која не лепи.
Ако ви се лепи меленото месо на раце, ставете си малку масло и формирајте топка, па потоа расплескајте ја. Во зависност колкава големина ќе сакате да ви бидат плескавиците, од оваа смеса обично излегуваат околу 10 со средна големина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани