Чекор 1 : Одмрзнати или свежи 1 кг крилца се редат во тава и се посолуваат.
Чекор 2 : Се премачкуваат со 200 ml слатко лут сос (готов или припремен).
Чекор 3 : Во предходно загреана рерна на 250 степени ,се печат 20-тина минути.
Чекор 4: Допекувате на намалена температура од 200 степени уште 10-тина минути.
Вака подготвените крилца можете да ги послужите со помфрит или гарнир од зеленчук.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови