Батаците измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Компирите излупете ги и исечете ги на покрупно. Во една шољичка ставете го зејтинот, зачините и изгмечениот лук. Убаво промешајте за сите состојки да се спојат. Во една (керамичка) тава наредете ги компирите и посолете ги. Ставете ги и маслинките. Врз нив наредете ги батаците и посолете ги и нив. Сето тоа полијте го со виното и на крај со дресингот од зачини. Печете на 200°С околу 1 час или додека компирите омекнат, а батаците убаво зацрвенат.
Кожата на батаците спремени по овој рецепт е крцкава, а компирите се топат во уста. Секако зачините даваат посебен вкус на ова јадење.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови