Мексиканско брзо подготвено јадење...Го внесов вкусот на Мексико во нашиот дом...

Подготовка
1. Кромидот го сечкаме на ситно и почнуваме да го упржуваме на масло.
2. Пиперките ги сечкаме на кругови или ленти и нив ги додаваме кон кромидот, лесно да се запржат.
3. Откако крмидот ни застакли, а пиперките омекнаа ги тргаме на страна.
4. Во истото масло го додаваме меленото месо, додаваме сол и зачини и го запржуваме.
5. Додаваме домат претходно излупен и исечкан на коцки, кулен ситно насечкан и пржиме до омекнување на доматот и испарување на течноста. Можете да додадете и околу 100 гр. сос од домати, а тоа зависи колку ви е сочен доматот...
6.Откако ни испарила течноста ги додаваме кромидот со пиперките и гравот кој сме го процедиле од течноста. На крајот додаваме свеж магдонос па кратко мешаме до соединување на состојките. Смесата ни е подготвена.
7. Секоја тортиља ја загреваме на тавче или на тостер, рендаме обилно кашкавал и ја полниме со филот од мелено јунешко месо.
8. Сервираме со лажица кисела павлака, рендаме кашкавал одозгора и посипуваме оригано.

Забелешка
Можете да ја премачкате тортиљата со кисела павлака па да го распоредите кашкавалот и потоа филот...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани