За мене овој начин е најбрз и наједноставен за подготовка на карфиол. Може да се послужи како самостојно јадење со некој сос или како додаток на некое месо.
Карфиолот разделете го на помали цветчиња. Ставете го во сад, посолете го и измешајте го. Оставете го да отстои 30-на минути.
Јајцата со малку сол и бибер изматете ги со вилушка.
Во мало плехче ставите хартија за печење.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Секое цветче карфиол извалкајте го во брашното а потоа во јајцата. Ставајте ги по плехот едно до друго. Откако сите ќе ги наредите попрскајте ги со масло.
Печете ги околу 30 мин или зависно од вашата рерна, да зарумени и омекни.
Послужете го топол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани