Водата, зејтинот и сол се става да зоврие. Одкако ќе зоврие се додава брашното и се меша околу 30сек-1мин додека се направи топка или додека се собере тестото околу лажицата. Се трга да се олади и во оладената смеса се додаваат јајцата едно по едно. Значи едно јајце и над него еден прстофат пециво и се меси или мати со миксер и така се додека се потрошат јајцата. Смесата се сипе во шприц и се редат тулумби во плех на хартија. Се печат исто како еклери без отварање на рерна околу 15мин на 220 степени
шербетот се вари околу 5минути и се остава да се олади.
Тулумбите уште врели се ставаат во млакиот шербет се превртуваат и се редат во плех. Одкако сите тулумби ќе се натопат останатиот шербет се истура врз сите тулумби. Од оваа доза излегуваат околу три плеха од шпорет затоа што при печењето се ставаат на поголемо растојание затоа што многу растат и треба да добијат убава црвена боја-убаво да се испечат
Без досадно пржење, без многу зејтин добиваме тулумби кои се исто вкусни како пржените
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално