Едноставен, брз за подготовка и многу вкусен рецепт. Комбинацијата на мириси и шмекови ме воодушеви еднаш кога ја пробав и конечно стигнав да ја приготвам по дома.

Дното на садот прекријте го со парчиња лупени јаболка. Над нив ставете ги парчињата ребро. Зачинете и затворете го капакот. Печете окулу 2 часа на 150 - 180 степени. Од време на време можете да ги прелевате ребрата со сокот ако сакате. Готови се кога убаво ќе заруменат и кога месото ќе се двои од реброто.

Имам сретнато и рецепт со суви сливи, вкусни се, но оваа комбинација за мене беше феноменална.

Пријатно јадење!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани