Најпрво ги лупиме тиквичките, им го вадиме семето со лажица и ги ставаме во намрсена тава. Го пржиме на масло, малку кромидот, па ги додаваме сецканите моркови, а по некое време и меленото месо, го додаваме мешаниот зачин, кој сама си го правам дома ( тоа е мешавина од сушено нане, босилек и магдонос) и пржиме додека не биде готово. Потоа ги полниме тиквичките, од горе ставаме рендан кашкавал и печеме во загреана рерна околу 30-40 мин .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови